Во Мексико уапсен градоначалникот на Игуала, одговорен за исчезнувањето на 43 студенти

Од:

Мексиканската полиција ги уапсила поранешниот градоначалник на југозападниот град Игуала, Хозе Луис Абарка, и неговата сопруга, кои владата ги обвини дека стојат зад исчезнувањето на 43 студенти, за кои постојат стравувања дека се убиени, пренесоа британските медиуми.

Студентите биле грабнати во септември од полицајци, кои тесно биле повразни со локалната наркобанда во Игуала. Грабнувањето доведе до масовна потрага по нив и мексиканскиот претседател Енрике Пенја Нието го стави во многу непријатна ситуација.

Портпаролот на полицијата Хозе Рамон Салинас на Твитер соопшти дека Хозе Луис Абарка, кој во тоа време беше градоначалник на Игуала,
и неговата сопруга Марија де лос Анхелес Пинеда биле фатени во главниот град Мексико Сити.

Властите и натаму трагаат по студентите, чие исчезнување ја шокира земјата и ги поткопа тврдењата на претседателот Пенја Нието дека Мексико е побезбедна земја под негово владеење.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД