Во Мексико лани извршени околу 397 напади врз новинари, меѓу нив осум убиства

Од:

Вкупно 397 напади врз новинари или медиуми се извршени во Мексико минатата година, вклучувајќи осум убиства, со што 2015. стана година со најмногу насилство врз новинарите од 2009 година досега, соопшти денеска невладината организација „Член 19“.

– Бројките јасно ја покажуваат тежината на ситуацијата, се наведува во соопштението на организацијата за заштита на правата на новинарите, според која занимавањето со оваа професија се претворило во високоризична дејност во Мексико.

Насилството се зголемило за 21,8 отсто во однос на 2014 година, посочува организацијата, која името го добила според член на Универзалната декларација за човековите права и слободи.

„Член 19“ го критикува влошувањето на состојбата со слободата на печатот по доаѓањето на власт на претседателот Енрике Пења Нието во 2012 година.

Според организацијата 165 од случаите на насилство врз новинари (41 отсто) се дело на властите на сите нивоа, а 35 (девет проценти) се поврзани со организираниот криминал.

Голем број невладини организации го сметаат Мексико, кое се соочува со висок степен на насилство поврзано со трговијата со дрога, за една од најопасните држави за новинарите.

Според податоци на „Репортери без граници“ од 2000 година досега во Мексико се убиени 91 претставник на медиумите, а 17 се прогласени за исчезнати.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори