Мексиканската полиција го уапси главниот раководител на финансиските операции на нарко-картелот „Синалоа“, во јужниот мексикански град Оахака, јавува ДПА.
Хуан Мануел Алварес Инсунса (34), со прекарот „Кралот Мидас“, организирал операции за перење на пари на нарко-картелот, кои годишно изнесувале меѓу 300 и 400 милиони долари.
Мрежата за перење на пари се простирала на териториите на Мексико, Колумбија, Панама и САД, соопшти мексиканската полиција на Твитер.
Лидерот на картелот Хоакин Гусман, со прекар „Ел Чапо“, кој избега два пати од мексиканскиот затвор кој е со највисоки мерки за безбедност, е фатен во јануари во Мексико.
Вториот човек на картелот Исмаел Самбада Гарсија е се уште на слобода.