Мексиканските власти прогласија тревога во шест држави во земјата поради кражба на контејнер со радиоактивно материи, напиша на Твитер националниот координатор на силите за граѓанска одбрана Луис Филипе Пуенте, јави ТАСС.
– Тревога во државите Керетаро, Идалго, Мексико, Гуанахуато, Сан Луис Потоси и Мичокоан поради украден извор на радијација. Ако го видите не го отворајте, јавете се во полиција, напиша Пуента.
Тој не посочи од каде е украден контејнерот и какви радиоактивни материи содржи.