Мексиканските власти денеска пронајдоа 11 изгорени тела на еден пат во мексиканската сојузна држава Гереро, каде во септември беа убиени 43 студенти.
– На телата има и рани од куршум, соопшти полицијата.
Телата се пронајдени во близина на градот Чилапа, кој е познат по судирите меѓу нарко бандите,
Најновиот инцидент се случи на денот кога претседателот на Мексико, Енрике Пења Нијето треба да го најави планот за национална безбедност во борба против бранот насилство поврзано со дрогата.