Советот на министри на Мали објави официјално формирање комисија за дијалог и помирување побарана од странски партнери на таа држава во конфликтот.
Задача на Комисијата е со дијалог да бара за начин на помирување меѓу сите заедници во Мали, а ќе биде задолжена и за идентификување на политички и општествени сили вклучени во процес на дијалог и помирување, се вели во уредбата објавена од Советот на министри.
Комисијата ќе има претседател, два потпретседатела и 30 комесари кои ќе ги именува привремениот претседател на Мали, Дионкунда Траоре.
Од 11 јануари се води француско-африканска воена операција на север во Мали за да се протераат вооружени исламисти. Меѓународната заедница инсистира на неопходност од помирување меѓу различни заедници во рамки на општеството во Мали, меѓу кои се и Туарези.