Во мај заеднички воени вежби на Кина и Русија

Од:

Во средината на мај, Кина и Русија ќе одржат заеднички поморски вежби во Средоземното Море, што е првпат овие две земји  да одржуваат заеднички воени маневри во тој дел на светот, соопшти кинеското Министерство за одбрана.

Кина и Русија одржуваат заеднички вежби на Пацификот од 2012 година. Маневрите во мај на Кина и Русија доаѓаат во момент кога САД ја зајакнува воената соработка со сојузниците во Азија, како одговор на потезите на Пекинг околу некои поморски добра, пренесува хрватската агенција Хина.

Во вежбите во Средоземното Море ќе учествуваат девет бродови од двете земји, вклучувајќи ги и бродовите кои Кина ги користи во борбата против пиратите во водите на Сомалија.

– Цел е да се продлабочи пријателската и практична соработка на земјите и да се засили способноста на нашите морнарици во спротивставувањето со безбедносните закани на море, рече кинескиот портпарол Генг Јаншенг.

Генг уште потенцираше дека воените маневри не се насочени кон некоја трета страна.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски