Во Лос Анџелес е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар

Од:

Во округот Лос Анџелес во американската сојузна држава Калифорнија е издадена наредба за евакуација поради ширење на шумски пожар кон главниот автопат и околните згради.

Пожарот зафатил површина од 14,5 квадратни километри во близина на автопатот 5 во близина на Горман, околу 100 километри северозападно од Лос Анџелес, соопшти Калифорниското одделение за шумарство и заштита од пожари.

Пожарот избувнал во саботата околу 14 часот по локално време, а гаснењето го отежнува ветерот кој достигнува брзина од 100 километри на час, јавува Лос Анџелес Тајмс.

Би можело да ве интересира

Спречен поголем пожар во пехчевски „Суви Дол“

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Пожар во стан од зграда во центарот на Скопје, интервенирале две противпожани возила

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Трагедија во Ботошани: 46-годишна жена изгоре во пожар, сопругот и децата се спасија

Горан Наумовски