Во Либија уапсени 600 мигранти и бегалци

Од:

Либиските власти денеска уапсија повеќе од 600 мигранти и бегалци кои неколку месеци кампуваа пред поранешната канцеларија на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) во Триполи, соопштија две хуманитарни организации.
– Загрижени сме поради притворањето на стотици мигранти, бегалци и баратели на азил, вклучувајќи жени и деца, изјави претставникот на Норвешкиот совет за бегалци, Дакс Роке.

Хуманитарната организација наведе дека акцијата за евакуација рано утринава била „остра“ бидејќи биле запалени шатори и импровизирани засолништа за мигранти пред центарот кој УНХЦР го затвори минатиот месец.

– Нашите медицински тимови спасија повредени луѓе при апсењето утринава, вклучително и лице рането од огнено оружје, изјави Томас Гарафало, регионален директор на Меѓународниот комитет за спасување.

Во слична операција во октомври во Триполи, едно лице загина, а 15 беа повредени.

Тогаш беа уапсени најмалку 5.000 луѓе, но неколку дена подоцна околу 2.000 мигранти избегаа од центарот, а шестмина беа убиени од либиските чувари, соопшти тогаш Меѓународната организација за миграција (ИОМ).

Либија е главна рута за илјадници мигранти, главно од субсахарскиот дел на Африка, кои се обидуваат да стигнат до Европа преку море.

Би можело да ве интересира

Либиските власти пронајдоа речиси 50 тела во две масовни гробници во пустината

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски