Во Либан пристигнаа 460.000 Сиријци

Од:

Бројот на бегалци од Сирија во Либан се зголеми на 463.000, откако минатата недела во таа држава избегаа 10.000 лица, соопшти високиот комесаријат за бегалци на ОН.

Само во северниот дел на Либан во моментов има 144.000 бегалци од Сирија, од кои 128.000 во Бека, 53.000 во Бејрут и на планината Либан 34.000 лица.

Високиот комесар за бегалци на ОН, Антониот Гутереш нагласи дека бегалците од Сирија во моментов се повеќе од 10 проценти од населението во државата и според него тоа претставува голем товар за владата и народот.

Специјалниот пратеник за Либан од ОН, Дерек Пламбил истакна дека тој товар се зголемува и дека се потребни поголеми ресурси за да и се помогне на државите кои ги примаат бегалците.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Израелската армија утре се повлекува од Либан

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел уби најмалку 11 лица во Либан

ВИДЕО: Трамп го именуваше свекорот на ќерка му за советник за блискоисточни прашања

Катерина Ѓуровски

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда