Во Либан е убиен командантот на Хезболах, Али Абед ал-Кадер Исмаил

Од:

Командантот на либанската милитантна група Хезболах, Али Абед ал-Кадер Исмаил, беше убиен во израелски напад со беспилотно летало во Бинт Џбеил во јужен Либан денес, соопшти израелската војска.

Во соопштението се вели дека, според израелската војска, Исмаил бил вклучен во напорите за обнова на објектите на Хезболах во областа Бинт Џбеил.

Војската изјави дека постапките на Исмаил „претставуваат јасно кршење на договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Либан“, објави „Тајмс оф Израел“.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху без милост: Нема прекин на огнот

Калас: Израелските акции сериозно го загрозуваат примирјето

Израел: Ја убивме „десната рака“ на водачот на Хезболах

Израел: Убивме клучен терорист – дејствуваше под маската на новинар на Ал Џезира

Израелските одбранбени сили ќе воспостават нова безбедносна зона во Јужен Либан

Иран: САД мора да изберат дали сакаат војна или мир