Во Колумбија запленети повеќе од еден тон кокаин

Од:

Колумбиската војска соопшти дека во неколку операции во близина на тихоокеанскиот брег на оваа земја запленила повеќе од еден тон кокаин, како и една „нарко подморница“.

Припадниците на Морнарицата во националниот парк Санкијанга, во југозападниот дел на Колумбија, откриле и уништиле „полуподморница дизајнирана како торпедо“, со капацитет за транспорт на два тона кокаин, се наведува во соопштението.

Морнарицата тврди дека од 1993 година досега запленила или уништила 91 нелегална „нарко полуподморница“, а оваа е прва која е уништена оваа година.

Колумбиските власти соопштија дека вредноста на запленетиот кокаин на меѓународниот пазар би изнесувала околу 32 милиона долари.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски