Колумбиската полиција соопшти дека уништила 168 лаборатории за производство на кокаин во операција во една прашума во јужниот дел на земјата.
Полицијата нагласи дека минатата недела во прашумата биле откриени и уништени „168 лаборатории за производство на бази за кокаин“, кои припаѓаат на една швајцарска организација.
Во текот на операцијата, во која учествувала и војската, се запленети 4,5 тони кокаин во течна состојба, околу 65.000 литри раствор и 2,4 тони тврда материја која се користи за производство на оваа дрога.