Вооружени напаѓачи, вклучувајќи три лица во полициски униформи, синоќа украле од еден магацин во колумбискиот град Меделин злато и платина во вредност од три милиони долари.
Групата од седуммина напаѓачи прво ги совладале чуварите на магацинот и со пленот побегнале со автомобили и на мотоцикли, кои сите имале полициски ознаки.
– Украденото злато и платина требале да бидат транспортирани во САД, изјави началникот на локалната полиција Хосе Анхел Мендоса.