Колумбиската полиција го упаси гувернерот на сојузната држава Ла Гвахира, Хуан Франсиско Гомес под обинение за убиство и завера за сторени злосторства.
Заменик-обвинетелот Хорхе Фернандо Пердомо изјави дека истрагата покажала поврзаност на Гомес со криминалните банди и десничарските паравоени организации во покраината Ла Гвахира, северна Колумбија, на границата со Венецуела.
Постојат докази кои го поврзуваат Гомес со убиството на членот на Советот на општината Баранкас, Луис Лопес Пералте во 1997 година, како и убиствата на Луис Алехандра Родригес и Росе Мерседес Кабрер, кои се убиени во 2000 година.
Според локалните медиуми телохранителите на Гомес се обиделе да го спречат апсењето на гувернерот, но не успеале во тоа.