Во Колумбија откриен потонат шпански галеон со злато и накит во вредност од стотици милиони долари

Од:

Шпански галеон со злато и накит во вредност од стотици милиони, кој потонал пред стотици години, откриен е крај брегот на Колумбија, соопшти колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос, цитиран од ДПА.

Бродот бил потопен од Британците пред повеќе од 300 години за време на Војната за шпанското наследство, заедно со скапоцен товар и стотици луѓе на него.

„Одлични вести: Го најдовме галеонот „Сан Хозе “, напиша Сантос во Твитер. Повеќе детали ќе бидат откриени на прес-конференција, закажана за подоцна денеска.

Остатоците од галеонот (голем трговски едреник по обликот на трупот сличен на галија) беа пронајдени крај островите Росарио, во колумбиски води, на околу 100 километри од градот Картагена.

Војната за шпанското наследство траела од 1701 до 1714 година.

Би можело да ве интересира

Петро: Кокаинот е нелегален само затоа што доаѓа од Латинска Америка

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он