Во Колумбија 400 илјади луѓе без струја откако ФАРК уништија далновод

Од:

Припадници на Револуционерните оружени сили на Колумбија (ФАРК) уништија во близина на градот Буенавентура далновод поради што без електрична енергија се околу 400.000 луѓе.

Далноводот кој се наоѓа на 27 км. од градот, бил уништен по две експлозии.

Пристаништето Буенавентура е најголемо во Колумбија и оттаму се извршува најголем дел од трговијата со странство. ФАРК и колумбиската Влада од 2012 година водат мировни преговори за прекин на судирите.

Би можело да ве интересира

Петро: Кокаинот е нелегален само затоа што доаѓа од Латинска Америка

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

10 лица загинаа во авионска несреќа во Колумбија

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он