Во Кина уапсени 110 лица поради продажба на месо од заразени свињи

Од:

Кинеската полиција уапси повеќе од 110 лица, под сомнение дека продавале месо од заразени свињи, соопшти денеска кинеската Агенција за безбедност на граѓаните.

Во соопштението се наведува дека за време на полициската акција, покрената минатата година во 11 кинески провинции одземени се повеќе од 1.000 тони месо, пренесува Танјуг.

Агенцијата за безбедност на граѓаните наведува дека уапсените биле членови на 11 синдикати и оти тие по намалени цени ги откупувале од сточарите свињите кои умирале од различни заболувања, а потоа ги преработувале во сланина, шунка и маст.

Би можело да ве интересира

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Напад со нож во Кина, убиени осум лица

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција