Во Кина абортус што го шокираше светот

Од:

Кинеските власти ветија дека ќе ги казнат надлежните, кои принудија жена во седмиот месец од бременоста на абортусот. Ова ја шокираше и предизвика остри реакции од јавноста.

На интернет се појавија страотни фотографии со крвавото тело на бебето чија мајка беше принудена да го абортира во седмиот месец од бременоста.

Групата за заштита на човековите права изјави дека властите во северниот дел на кинеската провинција Шанкси дале наредба да се прекине бременоста, затоа што мајката не можела да плати парична казна од 40.000 јуани (6.270 долари) за кршење на политиката на Кина за „едно дете“.

Надлежните тврделе дека мајката се согласила на абортусот, но роднините биле децидни дека ниту мајката, ниту нејзиниот сопруг се согласувале на абортус.

Кинески медиуми веднаш го осудија овој случај, но сепак истакнаа дека ова „не треба да биде причина за негирање или спречување на на целата политика за едно дете“.

Кина од 1970. година спроведува ригорозни политиката на планирање на семејството, во обид за спречување на брзиот раст на населението, кој веќе достигна 1,3 милијарди луѓе.

Урбано семејство е дозволено да има едно дете, а руралните и двe, ако првото бебе е девојче.

 

Би можело да ве интересира

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски

Кина распоредува голем број бродови околу Тајван

Горан Наумовски

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио