Во киевскиот храм започна црковната средба за создавање независна украинска црква

Од:

Во киевскиот храм „Света Софија“ денеска започна црковниот собор на украинското православие, на кој учествуваат црковната хиерархија, свештеници и верници, соопшти Киевската патријаршија.

Пред почетокот на соборот во храмот пристигна и претседателот на Украина, Петро Порошенко.

– Да останеме тука и да се помолиме денеска да биде создадена украинската Црква, рече Порошенко.

Илјадници Украинци се собраа ова утро на плоштадот пред катедралата од 11-тиот век за да ја изразат својата поддршка за формирање црква независна од Москва.

Како што пренесуваат медиумите, овој црковен собор треба да ја реализира историската одлука на Цариградската патријаршија, која во октомври и дозволи на Украина да има сопствена црква по 322 години под духовна грижа на својот сосед.

Тоа решение предизвика гнев кај Руската православна црква, која го нарече „раскол“ и ги прекина своите врски со Константинопол.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) САД потврди: Севернокорејските војници се во Русија

Зеленски: Берлин не го поддржува членството на Киев во НАТО

Загина пилот на руски бомбардер, Украинците велат „Ги убиваше нашите деца“

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Зеленски: Русија лансираше повеќе од 20 ракети за една недела