Во Киев и во централните региони на Украина ќе се ограничува користењето струја

Од:

Украинскиот државен снабдувач со енергија Укренерго соопшти дека е „принуден“ да спроведе ограничувања за користење на електрична енергија во главниот град Киев и другите централни региони поради брзиот пораст на потрошувачката.

„Нивото на потрошувачка на електрична енергија рапидно расте во централните региони на Украина. Диспечерскиот центар „Укренерго“ е принуден да воведе привремено контролирано ограничување на потрошувачката на електрична енергија во овој регион“, стои во објавата на Фејсбук.

„Ги замолуваме жителите на Киев и Киевската област, Чернигив, Черкасиј и Житомир итно да ја намалат потрошувачката на електрична енергија! Ова ќе помогне да се намали оптоварувањето на електроенергетските мрежи и да им се даде време на енергетските компании да ја поправат опремата оштетена од терористички напади“.

Претседателот Володимир Зеленски апелираше до Украинците да ја намалат потрошувачката на енергија од 7 часот наутро по локално време, но ограничувањата беа доброволни и не беа спроведени.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск