Во Кенија убиени четворица демонстранти

Од:

Четворица демонстранти беа убиени во Кенија за време на протест на кој сакаа да укажат на опасностите што ги претставуваат дивите животни, соопшти денеска локалната полиција.

Демонстрантите се судрија со безбедносните сили, по што дошло до пукање, изјави началникот на полицијата на градот Машуру, додавајќи дека истрагата ќе покаже што точно се случило.

Гувернерот на областа Каџијадо ја повика полицијата да избегнува употреба на прекумерна сила и апелираше до службите за заштита на дивиот свет „да ги држат животните подалеку од Кенијците“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“