Полицијата во Најроби, главниот град на Кенија, уапсила тројца медицински работници поради наводна кражба и продажба на бебиња.
Би-Би-Си Африка јави дека бебињата биле украдени од илегални клиники, но и од државната болница „Мама Луси Кибаки“ во Најроби.
Бебињата, според извештаите, се продавале за 400 американски долари.
Началникот на полицијата отвори истрага за состојбата во сите болници, како и за домовите за деца во Најроби.
-Истрагата досега откри дека медицинските службеници биле тесно поврзани со трговците со деца, изјави главниот инспектор Хилари Мутиамбаи.