Во Кенија уапсени медицински лица за намерата да изведат бактериолошки напад со антракс

Од:

 Полицијата во Кенија соопшти дека уапсила лекар стажант и негов соучесник под обвинение дека како дел од локална ќелија на екстремистичката група Исламска држава се обидувале во земјата да организираат бактериолошки терористички напад со антракс,  пренесоа американските медиуми. 

Во соопштението на антитерористичкиот оддел на кениската полиција се наведува дека по добиена пријава од локални жители, уапсени се Мохамед Шукри Јеров, лекар стажант од општинската болница во Малинди, и Абдулразак Абдинур.

Според полицијата, се трага по уште други двајца медицинари.

Во мај беа уапсени лидерот на ќелијата Мохамед Абди Али – лекар стажант во општинскатата болница во Маквени, и неговата сопруга – студентка по медицина во Уганда. 

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“