Во Кенија избегната граѓанска војна, прифатена одлука Кенијата да биде претседател

Од:

Премиерот на Кенија и претседателски кандидат Раила Одинга соопшти синоќа дека прифаќа одлука на Врховниот суд со кој се потврдува дека на изборите за нов шеф на државата победил контроверзниот Ухуру Кенијата, син на Џом Кенијата, борец против колонијализмот, основач на независна Кенија и прв претседател (1964-1978).

Одинга кој оспоруваше победа на Кенијата свој противник на изборите, рече по одлуката на Судот дека на победникот Ухуру му посакува се најдобро и повика Кенијците да останат спокојни.

Kenyan election 2013Премиерот ја оцени како несреќна околност судот што не дозволи негов правен тим да изнесе докази.

– Тоа значи дека на Кенијците им беше ускратено правото да дознаат што се случи за време на броењето на гласовите, изјави Одинга.

Врховниот суд едногласно одлучи дека Ухуру победил на претседателските избори одржани во почетокот на месецот, а чии резултати до вчера ги оспоруваше Одинга. По одлуката, во градот Кисуми упориште на поразениот претседателски кандидат, незадоволниполитички активисти се судрија со полицијата при што се ранети двајца демонстранти.

Би можело да ве интересира

Кенија: Масовни демонстрации во Најроби, запален дел од парламентот

Во Кенија се судрија патнички авион и авион за обука, има загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема експлозија во Кенија, двајца мртви и над 220 повредени

Стотици мртви и исчезнати во Кенија: Се изгладнувале до смрт за да го видат Исус

Ана Ололовска

Страшно откритие во Кенија: На пронајдените тела им недостасуваат органи, повеќето од загинатите се деца

Откопани 110 членови на кенискиот култ за гладување: „Прво требаше да умрат децата“