Во Каталонија забранети забавите на отворено, казни за непочитување до 15.000 евра

Од:

Шпанската област Каталонија ги забрани неформалните забави на отворено популарни кај младите луѓе, со предупредување дека сите кои ќе учествуваат ќе бидат казнети со парична казна до 15.000 евра.

Мерката беше објавена еден ден откако лидерот на Каталонија, Ким Тора, рече дека оние кои учествуваат во традиционалниот „ботељон“, каде што младите се собираат ноќе на улица или во парковите за да пијат алкохол и да се забавуваат, постапуваат неодговорно.

Каталонија е најтешко погодена шпанска област од новиот коронавирус со 75.613 случаи, вклучително и 10.134 во последните две недели.

Каталонската Влада во петокот нареди затворање на сите ноќни клубови, додека баровите и рестораните затвораат на полноќ во десетици општини, вклучувајќи ја и Барселона.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени