Во Каракас пристигна нова група на руски војници

Од:

Во главниот град на Венецуела слетале два руски авиони, воено-транспортниот Ан-124 и патничкиот Ил-62, со 99 руски војници предводени од Василиј Тонкошкуров, раководител на Главниот штаб на копнените сили на Русија, и со товар од 35 тона, објави венецуелското издание „Нотисиера дигитал“.

– Во претседателската ложа на аеродромот тие се пречекани од раководителот на одделот за меѓународни врски на венецуелскат армија, вицеадмирал Мариани Мата, од претставници на руската амбасада и венецуелските вооружени сили, напиша на Твитер новинарот Хавиер Мајорка.

Не е познато дали се тоа регуларни војници или наемници. Претходно повеќе медиуми објавија дека кон крајот на јануари во Венецуела пристигнале воени лица од руската приватна воена компанија „Вагнер“ за заштита на претседателот Николас Мадуро. Првата група на наемници пристигнала уште пред претседателските избори лани во мај, додека втората „неодамна“.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски