Во Канада милион луѓе останаа без работа поради пандемијата

Од:

Канадскиот пазар на труд во март бележи историски пад на вработеноста поради пандемијата на коронавирус.

Без работа останале 1,01 милиони работници, што е најголем пад од 1976 година.

Стапката на невработеност се искачи на 7,8 отсто во однос на 5,6 отсто во февруари.

Повеќе од 4 милиони луѓе или секој петти работник веќе се пријавени за поддршка за итни случаи откако владата воведе мерки за социјално дистанцирање и нареди затворање на некои компании за да го забави ширењето на коронавирусот.

Пред пандемијата, најголем пад на вработеноста во Канада беше во јануари 2009 година, кога без работа останаа 125.000 луѓе.

Бројките сега се полоши отколку што очекуваа економистите, тие во март прогнозираат дека невработеноста ќе се зголеми за 500.000.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

Канада веднаш воведe царини од 25 отсто за увоз од САД

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Катерина Ѓуровски

Канада може да го прекине пристапот на САД до енергенси