Камбоџанскиот лекар, без диплома Јем Чрин (56) е осуден на 25 години затвор, за инфицирање на над 200 лица со ХИВ вирусот, од кои десетмина, во меѓувреме починале од СИДА.
При лекувањето на своите пациенти, сите жители на едно село во северозападната провинција Батамбанг, Чрин користел нечисти игли, со што го потикнал ширењето на опасниот и честопати, смртоносен вирус.
Обвиителството го обвини лекарот без диплома, за масовно убиство, но на судењето обвинението беше преиначено во убиство од небрежност.
Никој не знае колкав е точниот број на заразените, но во текот на судскиот процес, Чрин се бранел оти сакал само да им помогне на луѓето.
Вакви лекари без диплома ја одржуваат здравствената заштита во многу рурални средини во Камбоџа.
Во оваа земја, каде здравството е се уште неразвиено, а постои голем недостиг од квалификуван здравствен кадар, овие лекари без дипломи, многу често се единствените кои водат грижа за здравјето на милиони Камбоџанци.
Случајот на „лекарот“ Јем Чран беше откриен, откако здравствените власти пронашле кај еден 74 годишен селанец, вирус на ХИВ.