Во Јужна Осетија само преку ден

Од:

Шест години од почетокот на војната со Грузија, оваа мала кавкаска држава има само еден пат кој ја поврзува со светот и кој навечер е затворен.

На единствениот пат кој ја спојува Јужна Осетија со светот, кај тунелот Рокси, постојат железни врати. Преку ден се отворени, а навечер затворени. Кога вратите се затворени никој не може да влезе во Јужна Осетија, едноставно не постои друг пат. Малку подалеку од тие врати сместена е единица на руската армија, војници под шлемови.

Да се појде во Кавказ во лето е авантура, а во зима кога паѓа снег тоа е речиси невозможно. Остри клисури, длабоки кањони и планини од кои не го гледате ни небото, снег на врвовите и сега во август. На патот се излежуваат крави како да сум во Индија. Брзите, речиси диви реки се преполни со пастрмки кои никој не ги лови. Има безброј извори на лековита вода, обична цевка ѕирка од шумичката покрај патот, се е прекрасно, но туристи нема. Патник, кој случајно би залутал до границата, не би го пуштиле ни да влезе ако не би имал писмо со покана од владата на Јужна Осетија.

Луѓето се прекрасни, постојано се насмеани, немам видено ниедно намуртено лице.  Доаѓањето на странци, па уште и новинари, во Цинвал за нив е празник. Мислев дека не знаат многу за Србија, кога тоа – Јужна Осетија како независна држава уште во 1992 година прва во светот ја признала Република Српска Краина. Се знаат за Србија, позната им е приказната за Косово.

Во Јужна Осетија луѓето сакаат историски теми, овде историјата како да застанала. Во планинските  карпи има десетина стари манастири со митско минато. Како стигнуваат монасите до нив, тоа е мистерија. Воопшто, за овој крај се врзуваат митолошки приказни за рајските порти соодветно со историјата на Викинзите. Велат и дека Хитлер, кој бил опседнат со окултизам, верувал дека на Кавказ се наоѓаат рајските порти.

Можеби се наоѓаат, а можеби и не, но Кавказ во стратегијата на Западот според поранешниот Советски Сојуз од секогаш бил мек стомак од каде би можело да почне распадот на СССР. Веднаш по Втората светска војна Британците планираа да го бунтуваат населението на Кавказ против Москва. Затоа што, кој го има Кавказ има и нафтени полиња во блиската и далечната околина. Затоа случувањата во Украина внимателно се следат и во Јужна Осетија.

Рускиот пораз во источна Украина би можел да се одрази и на Јужна Осетија. Се разбира никој тоа тука не сака директно да го каже, но на сите им е јасно дека досегашниот тек на воените операции на истокот на Украина ги покажува сите слабости на проруските сили, но отвора дилеми и шпекулации околу разни игри во Москва. Дали има Владимир Путин неограничена моќ да ја пресече работата или некои руски олигарси и дел од кремељската прозападна елита ги блокираат одлуките на Путин?

Затоа што, без оглед на тоа што претседателот на Русија сега има многу висок рејтинг во јавноста, тој има и доста отворени и прикриени противници, како во Кремељ така и пошироко.

Да речеме, ставот на Јевгениј Примаков за случувањата во Украина во најмала рака е многу интересен. А за Примаков, за кој во Цинвал ми кажуваат дека е всушност  Грузиец, тврдат дека е ментор и на некои други многу силни играчи на руската политичка сцена…

Значи, не треба да се искачиш на Кавказ и да се види дека низ целата слабост на украинската војска Киев ја има иницијативата во операциите, дека проруските сили немаат координација, дека нив ги водат полициско-разузнавачки и приучени кадри кои се меѓусебно скарани, а не добри воени официри кој го знаат занаетот. Дали водачите на проруските сили Стрелков и Барадај се под контрола на Вториот оддел на ФСБ, односно некогашната Пета управа на КГБ која во Советскиот сојуз се пресметувала со внатрешните идеолошки противници, односно дисиденти? Па по распадот на СССР половина од Петата управа заедно со шефот генерал Бобков отиде кај тајкунот Гусин. Но во таа работа секогаш остануваат сочувани врски. Стрелков навистина никогаш не раководел со поголема единица од чета, начинот на кој ги напуштил Славјанск и Краматорск го потврдува тоа.

Не треба да се искачуваш на Елбрус, највисокиот врв на Кавказ, и да се процени дека истокот на Украина ќе заврши како и Република Српска Краина доколку Москва набрзо не превземе нешто. Или тоа е всушност и цел на некои во Москва да го обвинат Путин за поразот? За да се случи московскиот Мајдан? Совршено злосторство?

Седам на балконот на една куќичка во Цинвал, темно е и гледам како во правецот на границата со Грузија, а тоа е нешто помалку од два километри од Цинвал, летаат осветлени балони кои ги пуштаат домаќините по повод одбележување на шест години од почетокот на војната со Грузија.

Кавказ за сега е мирен…

Политика – Белград

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа