Во јужна Кина прогласена опасност од бури заради приближувањето на „Утор“

Од:

Предупредување за опасност од бури е прогласено денеска во јужна Кина, вклучувајќи ги Хонг Конг и Макао, заради приближувањето на силниот тихоокеански тајфун „Утор“, што во моментов беснее во Јужно Кинеско Море, на 440 километри од брегот, соопшти локалната опсерваторија.

Како што пренесува ИТАР-ТАС, за ударот на циклонот, што носи тропски поројни дождови и урагански ветар, чија брзина достигнува и до 180 километри на час, се подготвуваат и властите во густо населената јужна провинција Гвандун, во автономниот регион Гванси Ѓуан, како и на островот Хајнан.

Според прогнози на метеоролозите, „Утор“ ќе се доближи до крајбрежјето на континентот во среда вечер, но во регионот веќе се забележува драстично влошување на времето. „Утор“ мина преку Филипините, каде ја предизвика смртта на две лица, а над 10 се водат за исчезнати.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски