Во Јужна Африка пронајден уште еден редок син дијамант

Од:

Рударската компанија „Петра Дијаманти“ соопшти вчера дека во Јужна Африка ископала уште еден извонреден син дијамант.

Компанијата наведува дека дијамантот од 122,52 карати е пронајден во рудникот Кулинан, источно од Преторија, од каде во минатото се ископувани некои од најпознатите светски дијаманти, вклучувајќи го и тој за британската кралска ризница.

Фирмата „Петра“, со седиште во Лондон, нагласува дека сините дијаманти од оваа големина се ретки, како и дека може да се зборува за навистина важно откритие.

Вредноста на дијамантот се уште не е утврдена.

Од истиот рудник во јануари оваа година исто така е изваден еден син дијамант од 29,6 карати.

Сините дијаманти спаѓаат во најретките скапоцени камења во природата. Рудникот Кулинан се смета за главен светски извор на овој скапоцен камен.

Во 1905 година од него е изваден најголемиот дијамант во светот, од 3.106 карати наречен „Кулинан“, кој подоцна е пресечен на повеќе делови, од кои два завршија на британските скиптор и круна.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ