Во израелскиот напад врз јужен Либан загинаа 10 лица

Од:

Во израелскиот воздушен напад врз градот Кана во јужен Либан загинаа 10 лица, а петнаесет се повредени и префрлени во болниците во градот Тир, јави либанската новинска агенција NNA.

Како што соопшти претходно денеска Ургентниот центар на либанското Министерство за здравство, во вториот напад на зграда во населбата Ријак на истокот од земјата, загинаа пет лица, меѓу кои три деца.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Израел нема да се согласи на прекин на огнот со либанското движење Хезболах се додека не се создадат безбедни услови жителите на северот на земјата да се вратат во своите домови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан