Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

Од:

Најмалку 23 лица загинаа, а околу педесет се ранети во израелски воздушен напад врз станбена зграда во градот Газа, според палестинските тврдења.

Лекарите соопштија дека во денешниот напад била погодена зграда во населбата Шејаја и дека спасувачите се уште трагаат по преживеани под урнатините.

Израелската војска објави дека мета била висок припадник на палестинската милитантна група Хамас кој ги планирал и извршил нападите.

Пред нападот, армијата соопшти дека ги презела сите мерки за заштита на цивилното население, за кое Израел тврди дека Хамас го користи како жив штит. Војската објави и дека е употребено прецизно оружје, но не ги коментираше информациите за жртвите од нападот.

И палестинската новинска агенција ВАФА објави повеќе жртви во други израелски напади на други места во Појасот Газа, вклучувајќи го и Кан Јунис во јужниот дел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се урна покривот на американската амбасада во Ријад

Предраг Петровиќ

„Фајненшл тајмс“: Иранците преку техеранскиот „Сејф сити“ го извршија атентатот врз Хамнеи

Иран испрати заканувачка порака до Нетанјаху

Иранските ракети повредија граѓани на Израел

100 израелски авиони фрлија 250 бомби врз „административниот комплекс“ на Техеран

(ВИДЕО) Израел објави ново видео: Разнесени се ирански бункери за лансирање ракети и дронови