Во израелски напад убиена Палестинката позната по тоа што рече: „Јас сум постара од Израел“.

Од:

Израелската армија продолжи да стрела со проектили и гранати кон различни делови на Појасот Газа, погодувајќи куќи, станбени згради и разни објекти и инфраструктура, при што рано утринава беа убиени и ранети стотици Палестинци.

Израелските ракети убија и ранија десетици Палестинци во населбата Шеџајеја источно од градот Газа.

Во бегалскиот камп Ал-Магази во централниот дел на Појасот Газа, израелски проектили убија најмалку десет Палестинци и ранија уште десетици откако погодија станбен блок; многумина остануваат затрупани под урнатините.

Меѓу убиените Палестинци во Појасот Газа е и една постара Палестинка Хадија Насар, која неодамна стана позната кога на 22 октомври во разговор со палестински фоторепортер изјави: „Јас сум постара од Израел“. Родена е во 1944 година.

Еден од нејзините соседи изјави дека израелските војници пукале и ја убиле пред вратата од нејзината куќа.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел