Израел објави дека во државата веќе се вакцинирани еден милион луѓе против Ковид-19, што е повеќе од една десетина од населението, како дел од спроведувањето на една од најраните и најбрзи кампањи за вакцинирање во светот.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше присутен кога милионитиот Израелец ја прими вакцината во арапскиот град Ум ал Фахм каде најголем дел од населението е арапско.
Нетанјаху го нарече тоа – момент на голема возбуда.Целта на државата е да бидат вакцинирани минимум 5.5 милиони луѓе. Досега се вакцинирани над 40 отсто од луѓето над 60-годишна возраст.
Арапите се околу 20 проценти од израелското население и поспоро ја прифаќаат кампањата за вакцинација.