Според податоците од „Репортери без граници“, од 2005 до 2014 година, убиени се вкупно 720 новинари, од кои само во 2014 година, 66 новинари го загубиле својот живот извршувајќи ја својата должност да ја известат јавноста, а две третини од случаите се во воените зони како Палестина, Украина, Ирак и Либија.
Значаен пораст од 30 проценти е забележан во бројот на киднапирани професионални новинари, односно 119 случаи во 2014 или 87 случаи во 2013 година.
На глобално ниво, 40 професионални новинари и 3 граѓани-новинари се држат како заложници. Според последните податоци на „Репортери без граници“, вкупно 178 професионални новинари и исто толкав број граѓани-новинари се осудени на затворска казна поради извршувањето на својата должност.