Во Италија заразени 11.225 здравствени работници, починале 80 лекари

Од:

Во последните 24 часа во Италија починаа уште двајца лекари, со што вкупниот број лекари жртви на Ковид – 19 се зголеми на осумдесет.

Според најновите податоци на Високиот институт за здравство (ИШ), заразени се вкупно 11.225 здравствени работници.

Најмладиот починат доктор имал 46 години, а најстариот 90 години. Меѓу жртвите имало многу кои одговорија на повикот на цивилната заштита и, иако беа во пензија, се вратија на служба. Пријавени се и случаи на самоубиства меѓу медицински сестри кои не можеле да го издржат психолошкиот притисок.

Една од главните причини за смртта на лекарите е што тие не беа доволно заштитени во раните фази на епидемијата и честопати беа принудени да интервенираат дури и со голи раце.

Би можело да ве интересира

Во верижна сообраќајка во Италија, едно лице загина, 17 се повредени

Горан Наумовски

Земјотрес во Кампанија, потресот предизвика паника во Неапол

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент