Италијанската полиција заплени повеќе од милион евра фалсификувани банкноти во апоени од 50 евра кои требало да бидат пуштени во оптек. Притоа се уапсени пет луѓе, соопшти полицијата.
Лажните 1.012.800 евра откриени се јужно од Неапол. Уапсени се три лица кои ги печателе банкнотите, како и двајца браќа за кои се верува дека се организатори на фалсификувањето.
Италијанската полиција во септември предупреди дека повеќе од 50 отсто од сите лажни банкноти во еврозоната се со потекло од областа Неапол.