Во Италија стапија во сила построги мерки против коронавирусот

Од:

Во Италија од денеска стапија во сила построги мерки против коронавирусот, со кои невакцинираните лица ќе бидат исклучени од многу јавни активности и нема да можат да користат јавен превоз без ковид-потврди.

Од денеска само оние кои биле вакцинирани или прележале Ковид-19 можат да јадат во ресторани, да одат во кино, да излегуваат во клубови и да гледаат фудбалски натпревари на стадионите.

Владата на премиерот Марио Драги донесе нови правила кон крајот на ноември и ќе останат во сила до 15 јануари.

Правилата важат и за користење на јавен превоз и хотелско сместување. На пример, досега, патниците кои патувале со воз на подолга релација морале да покажат дека се вакцинирани, дека прележале Ковид-19 или се негативни на коронавирус.

Од понеделник ќе се бара „зелен сертификат“ и за метро, автобус и меѓуградски превоз.

Мерките не се однесуваат на деца до 12 години бидејќи се уште не можат да се вакцинираат. Но, според владините планови тиа може да почнат да се вакцинираат веќе од 16 декември.

Италијанскиот медицински регулатор веќе ја одобри вакцината на Фајзер/Бионтек во помали количини за деца на возраст од пет до 11 години.

Задолжителните вакцини на училишниот персонал, полицајците и војниците ќе почнат на 15 декември. Вакцинацијата на вработените во здравството е задолжителна од април.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски