Во Италија повторно црн рекорд, скоро 22.000 новозаразени во еден ден

Од:

Италија во изминатите 24 часа регистрираше 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство, што е највисока бројка за еден ден од почетокот на епидемијата во земјата.

Министерството, исто така, соопшти дека од Ковид-19 починале уште 221 лице, за разлика од 141 вчера, со што за првпат во Италија се регистрирани повеќе од 200 смртни случаи во еден ден од средината на мај.

Во Италија од ковид-19 починале вкупно 37.700 лица, а досега се регистрирани 564.778 заразени.

Северната провинција Ломбардија, со финансискиот центар Милано, сè уште е најтешко погодена, и денеска се пријавени 5.035 нови случаи. Втора најтешко погодена е јужната провинција Кампанија, која денеска регистрира 2.761 случај.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски