Во Италија пад на бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Од:

Во последните 24 часа во Италија се пријавени нови 472 смртни случаи од коронавирус, што е намалување во споредба со претходниот ден кога почина 521 лице, соопшти Министерството за здравство во Рим.

Дневниот број на нови случаи на заразени исто така опадна, така што денеска се регистрирани 13.633 новоинфицирани лица, во споредба со вчерашните 14.078.

Од последниот пресек, тестирани се 264.728 лица.

Од почетокот на епидемијата, во Италија се заразиле вкупно 2,44 милиони луѓе, а 84.674 лица починале.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски