Иранска компанија направи сладолед од пет тони со надеж дека ќе го собори светскиот рекорд и ќе влезе во Гинисовата книга.
Стотици љубопитни луѓе се собраа северно од Техеран, за да го пробаат сладоледот од чоколадо, со височина од 1,6 метри и ширина од два метри. Изработката на сладолед чинеше повеќе од 30.000 долари, пренесе агенцијата Асошиетед прес.
Сегашниот светски рекорд го држи американската компанија Баскин-Робинс која во 2005 година направи сладолед тежок 4.021 килограми.
Секој иранец годишно во просек јаде по 1,5 килограми на сладолед.