Во Иран е прогласена петдневна жалост по убиството на Насрала

Од:

Иранскиот врховен лидер Али Хамнеи денеска прогласи петдневна жалост, по атентатот на лидерот на Хезболах Саџид Хасан Насрала.

„Прогласувам петдневна жалост во Исламската Република Иран. Испраќам сочувство до чесниот татко, сопругата и децата на нашиот драг Саџид, семејствата на мачениците, членовите на Хезболах, либанскиот народ и високи функционери, како и целото движење на отпорот“, се вели во твитот на Хамнеи на платформата X.

Претходно денеска, Хамнеи ги повика муслиманите со сите средства да го поддржат Либан и либанската група Хезболах во конфликтите со Израел.

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“