Во Иран денеска има најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата

Од:

Иран денеска забележа речиси 35.000 нови случаи на луѓе заразени со коронавирусот, што е нов рекорд, откако бројот на заразени во понеделникот достигна 31.814.

Здравствените власти денеска забележаа 157 смртни случаи, со што вкупниот број починати од Ковид-19 се доближи до 90.000.

Алармантното ширење на делта-сојот ги натера властите да воведат нови ограничувања во земјата – наредено е затворање на државните канцеларии и јавните места во Техеран.

Иран, кој ја претрпе најтешката епидемија на вирусот, во исто време се бори со остри санкции од САД, глобална изолација, топлотни бранови и протести поради недостиг на вода на југозападот од земјата.

Здравствените работници предупредуваат дека болниците во главниот град Техеран се преполни, додека само помалку од три проценти од Иранците се целосно вакцинирани.

Иранската влада објави дека нејзината домашна вакцина обезбедува околу 85 отсто заштита од коронавирусот, без да открива податоци и детали од испитувања.

Иран ја увезе и руската вакцина „Спутник В“, а доби и одредено количество дози од вакцината „АстраЗенека“ преку програмата Ковакс, поддржана од СЗО.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава