Во Ирак запленети 2.000 тони шверцувана нафта

Од:

Во операција против шверцери на нафта во ирачкиот град Басра уапсени се 40 лица и запленети околу 2.000 тони нафта.

Екипите на Поморската база во Персискиот Залив добиле информација за криумчарење нафта, по што започнала операција на пет бродови во заливот.

Генералот на ирачките поморски сили Хаким Касим, по акцијата ја потврди информацијата за количеството на запленетата нафта и дека меѓу уапсените се наоѓаат главно ирачки и ирански државјани.

– Изненаден сум со фактот што шверцерите ги користеле ирачките територијални води, истакна Касим.

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски