Во Ирак убиен командант на Хезболах

Од:

Либански официјални лица соопштија денеска дека во Ирак е убиен еден од командантите на либанското милитантно движење Хезболах. Според нив, минатата недела бил убиен Мохамед ал-Хаџ, додека бил на „џихадска задача“ во Ирак, не давајќи повеќе детали.

Тоа е прв командант на Хезболах кој е убиен во Ирак откако сунитските екстремисти во јуни зазедоа големи подрачја на север во државата и западно од Багдад.

Ирачки официјални лица тврдат дека неколку советници од Хезболах даваат помош на првата линија на борбите на бунтовничките групи на ирачките шиити кои северно од Багдад, се борат против исламски милитанти. Припадници на Хезболах минатата година отворено се придружија на силите на сирискиот претседател Асад што поттикна меѓуверски тензии во Либан.

Би можело да ве интересира

Хезболах: Израел мора целосно да се повлече од Либан до 18 февруари

Израел бомбардира цели на Хезболах во Либан

Хезболах ги отфрли причините за продолжување на рокот за повлекување на израелските војници

Претставник на Хезболах е убиен во источен Либан

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници

Жителите на Газа слават на улиците по договорот за прекин на огнот со Израел