Вo Ирак денеска се оддржуваат локални избори

Од:

Во Ирак денеска се спроведуваат локални избори. Повикани да гласаат се жителите на 12 од 18-те ирачки провинции.

Во сунитските провинции Анбар и Ниневија гласањето е одложено на неопределено време од безбедносни причини, а во Ирачки Курдистан општинските избори се закажани за септември, пренесоа руските медиуми.

Право на глас имаат 13,8 милиони лица.

За 378 места во провинциските совети се борат 8.000 кандидати. Од нив 150 лица беа исклучени од списоците, најмногу заради врски со забранетата партија Баас. Во текот на последните месеци 13 кандидати беа убиени.

Заради изборите во Ирак се воведени засилени мерки за безбедност. Во двата дена пред гласањето во терористички напади во цела земја загинаа 40 лица, а најрвавиот напад беше во кафеана во Багдад.

Од декември сунитите во Ирак организираа многу улични протести, обвинувајќи ја владата во која доминираат шиитите, дека ги маргинализира, забележаа агенциите.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија