Во Индонезија Владата ќе „пресече“ кога почнуваат Рамазанските пости

Од:

Индонезиската Влада денеска треба да донесе одлука за тоа кога муслиманите во таа држава треба да го започнат Рамазанскиот пост.

Државната интервенција е неопходна поради тоа што три различни исламски здруженија ги известиле своите следбеници за три различни почетоци на постот.

Според најбројната муслиманска група Нахдлатул Улама постот треба да почне в недела, а според исто така бројната група Мухамадијах Индонезија в сабота. Во некои делови на Суматра, постот пак започна денеска.

Заедно со министрите и верските водачи точниот почеток на постот ќе го определат и претставници на институтот за проучување на вселената. Сите тие треба да се договорат кога токму ќе се случи Месечината да се најде во положба која според традиционалната астрономија наложува почеток на постот.

Индонезија има најбројна муслиманска популација во светот, но стриктното почитување на исламските прописи во оваа држава почна да се спроведува кон крајот на минатиот век.

Би можело да ве интересира

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски

Индонезија: Во судир на возови најмалку три лица загинаа, 28 се повредени

Индонезија: Еруптираше вулканот Марапи, автомобилите и патиштата прекриени со пепел

Горан Наумовски