Во Индија задоволни од успешниот старт на вакцинацијата против Ковид-19

Од:

Почетокот на кампањата за вакцинација против новиот коронавирус во Индија постигна успех со повеќе од 224.000 лица кои ја примија дозата од саботата, соопшти Министерство за здравство на Индија.

Втората најбројна држава во светот до јули планира да вакцинира 300 милиони луѓе, скоро исто колку и населението во САД, како дел од една од најголемите кампањи за вакцинација во светот.

Индија ги одобри своите вакцини – Коваксин развиен од Барат Биотек и Индискиот совет за медицински истражувања, како и верзијата Ковишилд развиена од АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд.

Двете вакцини се производ на Институтот Серум во Индија и се одобрени за итна употреба во јануари. Во Индија официјално се пријавени над десет милиони, иако се смета дека реалниот број на заразени е поголем.

Властите соопштија дека прво имаат намера да вакцинираат околу 30 милиони лекари и медицински сестри, потоа околу 270 милиони луѓе постари од 50 години или со посебен ризик.

Би можело да ве интересира

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Земјотрес го погоди пограничниот регион на Мјанмар и Индија

Горан Наумовски

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени